По Тејлор Свифт: Најголемите ѕвезди ја враќаат својата музика на ТикТок

Фото: EPA

Музиката на Аријана Гранде, Адел и Ријана наскоро повторно ќе биде достапна на ТикТок откако беше постигнат договор со „Јуниверзал мјузик груп“, со кој беше ставен крај на спорот поради кој една од најголемите светски издавачки куќи ќе ја повлече својата музика од платформата.

Според договорот за лиценцирање, објавен во средата, во рок од една до две недели повеќе од милијарда корисници на ТикТок ќе можат да користат музика од уметниците на „Јуниверзал“ во нивните видеа. Музиката на сите изведувачи на „Јуниверзал“ беше отстранета од ТикТок поради прекршување на авторските права, а сега повторно ќе биде објавена.

Мајкл Неш, главен дигитален директор во „Јуниверзал мјузик груп“, вели дека новата врска „се заснова на значителен напредок во комерцијалните и маркетиншките можности, како и на заштитата што им се дава на нашите водечки изведувачи во индустријата на нивната платформа“.

Компаниите не открија никакви финансиски детали за договорот, но рекоа дека договорот ќе „овозможи зголемена компензација за текстописците и уметниците на ‘Јуниверзал мјузик груп’“, вклучувајќи ги „интегрираните можности за издавање билети“, растечките можности за е-трговија на на ТикТок и алатка која ќе им овозможува на корисниците да додаваат музика од видеата на ТикТок на посакуваните музички апликации.

„Задоволни сме што најдовме начин да ја продолжиме нашата соработка со ‘Јуниверзал мјузик груп’“, рече извршниот директор на ТикТок, Шо Чу.

Аналитичарите веруваат дека овој нов договор би можел да го удвои приходот на „Јуниверзал“ од ТикТок на 200 милиони евра (214 милиони долари), што е два отсто од вкупниот приход на компанијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот