Оља Црногорац: „Спасив куче од смрт, ми тргна во животот - да не слушнам дека кучињата не се наши ангели чувари“
- Детали
- недела, 06 април 2025
„Видов мало кученце. Тоа немаше повеќе од 3 месеци, беше болно и мислам дека го делеше можеби еден час од смртта. Во тој миг јас се борев за живот, а само 6 месеци пред тоа имав неуспешна ин-витро процедура, се борев да станам мајка - го земав и го вдомив“, ја започнува својата трогателна исповед српската водителка Оља Црногорац.
Српската водителка Оља Црногорац во видеа со своите следбеници постојано споделува низа приватни детали, како што се нејзините здравствени битки, како и борбата да стане мајка, а сега сподели и кој ѝ бил и ѝ останал најголемиот ангел чувар во животот.
Водителката, која боледува од Адисонова болест, откри дека во најтешките мигови од животот спасила кученце, кое било во многу лоша состојба, потоа го вдомила и му го дала името Боби.
Таа вели дека откако го вдомила него, сè во нејзиниот живот тргнало на подобро.
Иако, Боби по извесен период живот со Оља и со сопругот на Оља, починал, Оља вели дека засекогаш ќе биде нејзиниот најголем ангел чувар.
Таа на своите следбеници им ја раскажа приказната за вдомувањето на Боби и животот со него:
„Пред две години имав замена на имплантите во градите, затоа што ми видоа промена на градата, и оваа ситуација ја поднесов многу лошо.
По анестезијата се разбудив со 12kg вода вишок во телото.
Три седмици бев во болница, водата почна да ми влегува во белите дробови. Почнав да се давам.
Сатурацијата нагло паѓаше. Од приватна болница итно ме однесоа во државна и им јавија на моите родителите дека наредните 48 часа ќе бидат клучни – дали ќе преживеам или не.
Мене ми стануваше сè полошо, па од една болница се префрлив во друга. Во другата болница две седмици ми даваа инфузија и немаше изгледи дека ќе ми биде подобро.
Јас потпишав дека излегувам на своја одговорност.
Тогаш уште не знаев за својата дијагноза – Адисонова болест.
Се преселив кај моите родители тие десетина дена. Тие ме хранеа, тие буквално ме водеа до тоалетот и секој ден имав температура 37.3 степени.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





