Живееме во тешки времиња. Државата е во хаос, институциите
се парализирани, апатија и разочараност се чувствува насекаде. Изгубена е довербата во политичарите, бидејќи
народната волја е многупати изигрувана. Ништо не функционира. Македонија е
одземена од рацете награѓаните, а граѓаните со право се скептични дали може да
се промени тоа, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на
митингот во Крива Паланка.
Мицкоски додаде дека овие избори се последна шанса за спас,
промените се можни и се на дофат, а народот бара промени затоа што Македонија е
изморена од чекање.
Народот нема контрола врз сопствената држава затоа што
стотина луѓе од ДУИ управуваат со цела Македонија. Се создаден артаноиден режим
кој е дополнуван и ослужуван од слугите од СДСМ и Ковачевски. Тие тоа го прават
за да купат ден повеќе, а ДУИ за да украде милион повеќе. Оваа држава не се
создаде за да им служи и биде јагма на Ковачевски, Талат, Ахмети, Бујар или
Зечевиќ, туку да им служи на граѓаните на Македонија, истакна Мицкоски.
Мицкоски посочи дека СДСМ разработуваат е своевиден заговор
против Македонија, наместо да поработат
на понуда и план за излез од кризата, тие од ДУИ и СДС земале дигитроните и
прават математика колку може да си поделат од позициите и државните функции.
- ДУИ со нивните коалициони сакале 70 посто од
министерствата, компаниите, институциите, а 30 само 30 посто за СДСМ и
Ковачевски. И за ова има информации дека
имало веќе средби, а Ковачевски му рекол на Ахмети земи бел лист ххартија
напиши колку треба за СДСМ ние ќе прифатиме. Ете на тоа дереџе падна СДСМ, и со
тој образ ѓон партијата ја сведоа на најниските гранки. Од друга страна дека
ова е вистина што ви го кажувам се потврдува со инаа симулација која вчера ДУИ ја
направи на распределба на министерски места и владини позиции. Јадно СДСМ никаде го нема. Ќе им порачам
кусо, влада не се прави со дигитрони, туку со поддршка од народ. И оваа завера
нема да ви помине, истакна Мицкоски.
Според него исто така и Стево Пендаровски е активно вклучен
во молење кон странците, но секоја врата му е затворена и треба да знаат дека
ќе изгубат силно и убедливо.
Мицкоски им се обрати на неопределените и тивкото мнозинство
велејќи дека тоа се луѓе со извонредни капацитети кои ги повика да гласаат и да
ја поддржат ја опцијата која ќе ја направи Македонија повторно твоја.
- Сакам да се обратам и до македонската опозиција. До
партиите кои по разни основи се расцепкани. Јас доколку не повикам на
национално обединување би го погазил супстратот и идеологијата на мојата
партија, затоа што ВМРО е и Демократска партија за македонско национално
единство. Пред сликата на руините и хаосот кој го прави оваа власт, ви велам
дека секоја наша разлика со било која опозициска партија, било тоа да е Левица
или ЗНАМ е помала од големата и заедничка работа пред нас, а тоа Македонија и
нашата борба да кажеме дека има надеж и дека има иднина, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски посочи дека подава рака за обединување во битката
против оваа ненародна власт предводена од ДУИ и нивните измеќари од СДСМ, затоа
што гласањето и излегувањето на овие избори не е само наше уставно право туку и
чин на патриотска должност, а
прифаќањето на подадената рака ќе значи дека искрено и чесно сите се бориме
против оваа власт.
Изборите на 24 април, па потоа на 8 мај се таа шанса за
народот. Неизлегувањето на изборите е поддршка и награда за сите оние кои се
лоши политичари. Гласањето на овие избори и поддршката прво на професорката
Гордана Силјановска Давкова потоа и на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и
Коалицијата Твоја Македонија значи приклучување кон единствената сила за
промени ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.
Мицкоски додаде дека „Платформа 1198“ им конкретни проекти
што ќе ја обноват и ќе ја преобликуваат нашата иднина, но и кои ќе утврдат
јасна траекторија за нашите граѓани.
Ветуваме економски раст до 5 %, Отворање на 55 илјади нови
работни места, Фронт против корупција. Проверка на имотот на судиите и јавните
обвинители и нивните семејства, 250 милиони евра за инвестиции во општините.
Реорганизација на министерствата и институциите и ќе го намалиме бројот на
функционери. Грижа за најранливите
категории преку повеќе мерки и реформи меѓу кои и зголемување на надоместок за
социјална заштита. Зголемување на пензиите за 5 000 денари за сите пензионери.
Ќе обезбедиме секое дете да оди во градинка, посебна финансиска поддршка за
мајките преку поврат на даноци и 6 бесплатни оплодувања ин витро, демографијата
е многу важна. Поевтини сметки за струја
преку укинување на тарифата за пристап до мрежа, 800 милиони евра за македонското земјоделство
и уште многу други проекти, изјави Мицкоски.