Помина повеќе од една година, повеќејазичната табла сe уште не е поставена во Комитетот за национални малцинства

Македонско друштво “Илинден“-Тирана на 31.01.2023 година испрати барање бр. 953/2023 при Комитетот за национални малцинства за поставување на повеќејазичната табела во Комитетот за национални малцинства. На 10.02.2023 година Комитетот за национални малцинства одговори на барањето со бр. 38 дека ќе се земе предвид и помина повеќе од една година, а табелата не е поставена.

Повеќејазични табли беа поставени одамна во институцијата на Комесарот за заштита од дискриминација и Народниот правобранител. Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги поздрави овие институции кога ги поставија нивните плакети на јазиците на националните малцинства. Македонското друштво “Илинден“-Тирана бара Комитетот за национални малцинства да постави повеќејазична табла, како што направиа институцијата Комесар за заштита од дискриминација и Народниот правобранител.-стои во соопштението потпишано од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај.

Advertisement