Кочанчанец за една ноќ извршил шест кривични дела
Полициски службеници од ОВР Кочани при СВР Штип, по преземени оперативни мерки и активности расчистија шест кривични дела, од кои пет кривични дела „тешка кражба“ во обид и една „тешка кражба“, извршени ноќта на 21/22.04.2024 во Кочани. Кривичните дела „тешка кражба“ во обид биле извршени во барака на ул.„Раде Кратовче’’, сопственост на општина Кочани, во која имало три службени простории: една на „Црвен крст“, една на Центарот за социјални работи и една на пратеникот М.Л.(45) од Кочани, како и во правно лице за брзи кредити и еден продажен објект. Кривичното дело „тешка кражба“ е извршено во продажен објект, од каде сторителот одзел каса со пари, соопшти МВР.
Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на делата, на 22.04 2024 од слобода е лишен Е.Р.(37) од Кочани. Во службен разговор со осомничениот, тој ги признал сите кривични дела, а дополнително признал дека извршил и пет „тешки кражби“ и една „кражба“ , извршени на почетокот на април 2024 година, исто така во Кочани, додаваат од МВР.
По документирање на случаите, против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Ново на Сител
-
Тешко повреден 57-годишник во сообраќајка во Битола
-
Повредени 5 лица во сообраќајка помеѓу три возила на патот Кичево - Осломеј
-
Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Град Скопје: Казнето правното лице кое монтира панорамско тркало во Карпош
-
Токовски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама
-
Зеленски: Од примирјето за време на ЛОИ корист ќе има само Русија
-
Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“
-
Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе