ФОТО | Мајка и бебе меѓу избодените во трговскиот во Сиднеј

Напад Сиднеј Фото: Х

Повеќе луѓе се избодени со нож во популарен трговски центар во Сиднеј, меѓу кои и бебе и нејзината мајка, јавуваат австралиските медиуми.

Нападот се случил во саботата попладне нешто пред 16 часот по локално време.

На социјалните мрежи се шират снимки и фотографии од лице за кое се тврди дека е напаѓачот, како прободува луѓе во трговскиот центар „Вестфилд бонди џанкшн“ во Сиднеј.

Напад Сиднеј Фото: Х

Брзата помош во Нов Јужен Велс потврди дека седум лица биле пренесени во градските болници, вклучително и едно бебе кое било пренесено во детска болница.

Полицијата соопшти дека напаѓачот бил застрелан.

-Се повикуваат луѓето да ја избегнуваат областа. Истрагата за инцидентот е во тек и нема дополнителни детали – се вели во соопштението на полицијата.

Помошник началник во австралиската полиција, Ентони Кук изјави дека во трговскиот центар „Вестфилд бондаи џанкшн“ (Westfield Bondi Junction) во Сиднеј со нож усмртени се пет луѓе.

Тој потврди дека напаѓачот е елиминиран. Според Кук, тој најверојатно дејствувал сам. Претходно дел од медиумите објавија дека во трговскиот центар имало двајца напаѓачи.

– Полицајка се соочи со напаѓачот, кој во тој момент се наоѓал на петтиот кат од трговскиот центар. Таа брзо одеше за да го стигне. Тој се сврте кон неа и го подигна ножот. Таа го застрела и го уби-  истакна Кук.

Додека вршителката на должност премиерка на австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс, Пени Шарп наведе дека е шокирана од нападот.

– Шокирана сум од извештаите за повеќекратни жртви во Бондаи. Моите мисли и мислите на Владата се со жртвите, нивните семејства и првите лица кои реагираат во овој момент, како и со оние кои можеби биле сведоци на овие ужасни настани – истакна Шарп.

По нападот од трговскиот центар беа евакуирани најмалку стотина луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот