ВИДЕО | Mинатогодишниот МВП во НБА лигата се соочува со тешка болест

Фото: Screenshot

Mинатогодишниот МВП во НБА лигата сезонава е далеку од таа форма, а главната причина се неговите проблеми со здравјето. Имено, Ембид се соочува Белова парализа, болест која во помала или поголема мера одзема дел од лицето или цело лице.

Во ситуацијата на Камерунецот болеста има поблаг удар, но воопшто не е пријатна. Проблемите можеа да се забележат и во синоќешниот натпревар против Њујорк кој неговиот тим го доби со 125:113.

„Се случува извесен период, имав и мигрена. Се почна од плеј-инот против Мајами, прво мислев дека не е ништо сериозно, но почна се повеќе и повеќе да ме иритира. Ми се случува на левата страна лицето, устата и окото. Тешко е, но нема да се откажам“, изјави Ембид.

Љубителите на кошарката и претходно во преносите забележуваа дека нешто чудно се случува со неговото лице. Во многу случаи трепка само со едното око, а некогаш му лицето му останува замрзнато.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот