Симонова Штериева во СТУДИО 10: Политика е и граѓанскиот сектор - тој е и коректив и сервис на политиките

ХОПС е регистрирана официјално во 1999 година и денеска одбележува 25 години постоење. Организацијата се залага за општество еднакво за сите каде сите луѓе ќе можат да добијат социјална и здравствена заштита. Политиката не се само политичките партии, а граѓанскиот сектор исто е дел од политичкиот сектор кои придонесуваат за подобрување на општественото во целина, вели Хајди Симонова Штериева претседател на ХОПС во СТУДИО 10 на ТВ 24.

- Граѓанските организации треба да бидат партнери со власта за да се креираат соодветни политики за градење отворено општество во кое ќе бидат опфатени сите, вели Штериева.

Таа вели дека предлагаат и пишуваат закони и измени на закони. ХОПС има три програми што ги следи. Нивната грижа е да се обезбеди социјална и здравствена заштита на деца во ризик, луѓе што користат дроги и нивните семејства, како превенција за намалување на ризиците од појава на ХИВ.