Директорка од Скопје си подигнала 32.000 евра од сметката на фирмата и се правела дека ништо не се случило

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Л.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривична дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување и уништување на деловни книги“.

„Во периодот од 16.05.2019 до 04.11.2019 пријавената ја злоупотребила својата службена положба како директор на правно лице и во име на материјални трошоци, неосновано од трансакциската сметка во 21 наврат подигнала парични средства во вкупен износ од 2.008.851 денари“, се вели во полициското соопштение.

Спротивно на законските одредби таа не ги евидентирала во деловните книги и не водела сметководствена евиденција, туку предметните налози ги уништила, а парите ги присвоила за себе, оштетувајќи ја фирмата, соопшти МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот