Денеска во Основниот кривичен суд продолжува судењето на еден од обвинетите во убиствата на Вања и Панче, Велибор Манев.
Тој пред судот порача дека требало да формираат партија, но им фалеле пари па се одлучиле да грабнуваат луѓе.
„Требаше да се оформува партија и ни фалеа пари. Така се роди идејата за грабнување. Реков претходно дека 150 илјади евра ни беа ветувани, но откако виде дека не е таа жена, ни рече дека ќе се обиде да извади по 20 илјади евра по човек. Се двоумеше Палчо меѓу поранешен директор на Гранит и оваа ќерка на фармацевт“, вели Манев.
Како што додава, имале намера да грабнеме едно лице.