Насловна / Вести / Карневалoт во Венеција е во тек (ФОТО)

Карневалoт во Венеција е во тек (ФОТО)

Традиционалниот карневал во Венеција, Италија, кој секоја година е исклучително популарен кај туристите од целиот свет е во тек и ќе трае до вторник, 13. февруари.

0

Според традицијата, карневалот ги влече своите корени од 12. век и победата на Венецијанската Република. Кога веста за победата стигнала во градот, жителите почнале да се собираат на плоштадот Свети Марко славејќи и играјќи. Потоа овој настан почнал да се организира секоја година и станал дел од традицијата на градот, така што неговото одржување продолжило со векови подоцна, но австрискиот император го забранил одржувањето на карневалот во 1797. година, како и носењето на секаков вид маскирана облека. . Традицијата на одржување на карневалот е обновена дури во 1979. година на иницијатива на италијанската влада со цел заживување на венецијанската култура и традиција.

01

Карневалот се организира еднаш годишно и трае околу 18 дена. Почетокот и крајот на карневалот се директно поврзани со црковниот календар на Католичката црква (односно зависи од денот на Велигден), што значи дека почетокот на карневалот варира. Сепак, едно е сигурно, карневалот секоја година завршува на „дебелиот вторник“ еден ден пред „чистата среда“ и 47 дена пред Велигден.

6 7 9 5 1 3 2 8 10 4

Испрати коментар

Scroll To Top