НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица
Објавено во: Балкан 28 Март, 2024
„Паднаа“ и апсења за исчезнатото девојче од Србија. Во Босна се уапсени три лица под сомнение дека се поврзани со исчезнувањето на малата Данка Илиќ од српскиот град Бор. Девојчето го нема веќе три дена.
Припадниците на полицијата на БиХ привеле три лица по Законот на Интерпол Белград. Тие се осомничени дека преку Тик Ток објавиле дека се поврзани со исчезнувањето на девојчето во Србија, дознава „Аваз“.
Тие се уапсени на подрачјето на општина Хаџиќи. Еден од уапсените се вика Басар и е државјанин на Босна и Херцеговина. Данка Илиќ (2) во вторникот исчезна во Бањско поле кај Бор.
Мајката не може да оди на полиграф поради тоа што е бремена.