ВИДЕО | Хорор на популарна плажа во Хрватска: Од морето извираат фекалии и тоалетна хартија

Фото: Wikimedia/ Youtube

Посетителите на хрватската плажа „Јадран“, кај Задар, деновиве забележале загадување на морето, предизвикано од фекалии, пренесува „Слободна Далмација“.

Загадувањето било пријавено уште на 1 јуни, но на видеото кое го објави порталот, може да се забележи дека проблемот сè уште не е саниран и од морето и натаму извираат „гејзери“ од фекалии и тоалетна хартија.

Во текот на минатото лето на плажата било забележано и уште поголемо загадување од ова, но досега ништо не било преземено, велат локалните жители. Родителите на многу деца кои се капеле во тој дел од градот се жалат дека потоа се разболеле од разни кожни болести и стомачни вируси.

Револтираните граѓани од овој дел на Задар бараат локалните власти да постават знак за забрана за пливање на капачите, особено на децата, со оглед дека ваквите инциденти е случуваат сè почесто.

Од друга страна, надлежните ги смируваат граѓаните, тврдејќи дека системот е целосно функционален и дека проблемот што се појавил е саниран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот