Конгресот на Федералната унија на европски националности 2024 ќе се одржи во Хусум, Германија

Фото: Wolfram Zuth/pixabay.com

Конгресот на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) 2024 ќе се одржи во Хусум, Сојузна Република Германија, 68-от годишен конгрес на Федералната унија на европските националности овој пат, најголемиот состанок на автохтони национални малцинства, и јазични групи во Европа ќе се одржи од 19 до 22 септември 2024 година во Хусум.

Овогодинешниот конгрес на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) се организира во соработка со едно од најмалите малцинства без роднинска држава етничката група Севернофризи, кои се дома на островите и бреговите на Северна Фризија.

Во живописното пристаниште Хусум, недалеку од севернофризиското Ваденско Море, учесниците можат да очекуваат инспиративни дискусии, вмрежување и нови перспективи. Оваа година има една посебна карактеристика за време на конгресот, Федералната унија на европски националности (ФУЕН) ја слави 75-годишнината од основањето!

Македонско друштво ”Илинден”-Тирана е член на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) од 16 мај 2015 година и дел од Работната група на словенските малцинства при Федералната унија на европски националности (ФУЕН)./www.fuen.org

Advertisement