Каселакис: Грција може да игра улога во поддршката на Украина, но не со испраќање оружје

Протест во Грција против руската агресија во Украина / фото: EPA-EFE/NIKOS ARVANITIDIS

Ставот дека Грција треба да игра улога во помошта и поддршката на Украина, но не со испраќање оружје, туку тоа да го сторат другите земји кои се во подобра позиција, го истакна лидерот на грчката опозициска партија СИРИЗА за време на неговото учество на панел-дискусија на Делфи форумот, јави дописничката на МИА од Атина.

„Западниот свет треба да ѝ пружи секаква помош на Украина и за таа цел Грција може да одигра улога, но не со испраќање наша воена опрема, туку во смисла на обезбедување хуманитарна помош или пристап до пристаништата, а другите земји што се во подобра геополитичка и финансиска состојба да ѝ ја дадат потребната воената помош што ѝ е потребна на Украина“, рече Каселакис.

Тој говорејќи за зајакнување на европската одбрана, објасни дека потребна е „транзиција од трансатлантска зависност во независност на воената способност на Европа“.

„НАТО треба да биде одбранбена алијанса, како и што е, а ние треба да се фокусираме да бидеме европски независен воен капацитет, рече Каселакис.

Во однос на претстојните европски избори во јуни и рејтингот на партијата, кој е двојно помал од оној на Нова демократија, согласно анкетите, изрази увереност дека во следниот месец ќе се намали разликата и истакна дека е сигурен дека ќе ја изненадат и Европа и земјата.

Лидерот на СИРИЗА упати критики и обвинувања до актуелната грчка Влада за низа теми како што се економијата, владеењето на правото, железничката несреќа кај Темпи итн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот