Захарова: Ако Киев нападне со британско оружје, имаме право да ги нападнеме британските објекти

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Ако Киев нападне со британско оружје, имаме право да ги нападнеме британските објекти во Украина и надвор од границите – предупредува портпаролката на руското МНР Захарова. Според неа неконтролираното присуство на западно оружје на територијата на Украина ќе доведе до катастрофални последици за Европа.

„Никој не знае каде е и во колкави количини е оружјето“, истакна портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Според неа никој не знае каде и кому режимот во Киев го доставува ова оружје, бидејќи очигледно веќе се појавува во различни делови на светот, вклучително и во Западна Европа.

Таа исто така изјавила дека доколку Украина нападни цели во Русија со британско оружје, Москва има право да нападне воени објекти во Велика Британија.

„Во случај Киев да изврши напади со британско оружје на територијата на Русија, Москва има право да ги нападне британските објекти во Украина и надвор од нејзините граници“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот