Малолетник тешко повреден откако со мопед излетал од пат во Штип

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Малолетник е тешко повреден откако вчера со мопед излетал од пат во Штип.

„На 31.03.2024 околу 21.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Сремски фронт” во Штип, мопед „априлиа” со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Штип, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Штип“, информираат од МВР

Извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот