ПСВ Ајндховен ја освои 25 титула шампион на Холандија

Фудбалерите на ПСВ ја слават шампионската титула во Ајндховен, Холандија/фото: EPA-EFE/OLAF KRAAK

Фудбалерите на ПСВ Ајндховен ја освоија титулата во холандскиот шампионат, откако денеска на домашен терен ја совладаа Спарта Ротердам со резултат 4:2 (2:2) во 32 коло.

ПСВ долго го одржуваше максималниот учинок во првенството, малку попушти темпото во финишот, но на две кола пред крајот без проблем успеа да го обезбеди трофејот.

Овој успех го постигна со победата против Спарта, со што Феенорд остана без теоретска можност да стигне до врвот во последните две кола.

ПСВ е прв на табелата во холандскиот шампионат со 87 бодови, додека второпласираниот Феенорд со меч помалку има 75 бодови. Спарта е на деветтата позиција со 43 бода, а во последните две кола ќе се обиде да дојде до местото кое води во плеј-офот за Европа.

Клубот од Ајндховен стигна до 25 титула во клупската историја, а интересно е што ова е прва по 2018 година, со оглед на тоа што Ајакс доминираше во претходниот период, додека Феенорд ја освои титулата претходната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот