Општ хаос за култната чантата која богатите ја обожуваат, ја тужат престижната модна куќа: „Не сакаат да ни ја продадат – под услов да не го направиме ова“

Точка

22/03/2024

10:23

5.368

Големина на фонт

а а а

Се обиделе да ја купат својата омилена чанта, но наишле на низа пречки, поради што поднеле тужба против познатата модна куќа „Хермес“ во Калифорнија, бидејќи оваа компанија не сакала да им ја продаде култната чанта, доколку претходно не купат и некои други луксузни производи од овој бренд.

Како било наведено во тужбата, оние кои ја сакаат познатата „Биркин“ мора да платат десетици илјади долари за чевли, шалови … Само така добиваат шанса да го купат престижниот аксесоар. Тина Кавалери изјавила дека се распрашувала за купување на чантата во 2022 година.

„Нејзе ѝ било кажано дека специјалните чанти одат кај клиентите кои доследно го поддржуваат нивниот бизнис“, било наведено во тужбата.


„Хермес“ го тужел и Марк Глиног, кој минатата година сакал да стане сопственик на „Биркин“. Продавачите го советувале да купи други производи за потенцијално да го добие она што го сака.

На повеќето клиенти никогаш нема да им биде покажана оваа чанта во малопродажба. Обично им се покажува само на оние клиенти кои се сметаат вредни за да ја имаат (во приватна просторија).

На избраниот клиент ќе му се даде шанса да купи одреден модел на „Биркин“ чанта која му е покажана. Нема начин да се порача чанта во одреден стил, големина, боја и кожа каква што сака клиентот, наведено било во тужбата.


„Потрошувачите не можат да купат „Биркин“ чанта онлајн од онлајн продавницата на „Хермес“, а кожните чанти, кои се рачно изработени и може да чинат по илјадници долари, не се ни изложени на продажба во продавниците на компанијата“, се тврди во тужбата.

Се бара и неодредено обесштетување, а во тужбата може да се прочита дека продавачите не добиваат провизија од продажбата на оваа чанта, но добиваат три проценти од продажбата на други артикли. „Добиле упатства да ја користат „Биркин“ чантата како начин да ги принудат клиентите да ги купат придружните производи“, истакнале во тужбата.


Наведено е и дека оваа практика е спротивна на антимонополските закони бидејќи вештачки ја зголемува цената на производот. „Биркин“ чантите можат да достигнат цена и до милион долари. Тие се инспирирани од познатата актерка и пејачка Џејн Биркин и се омилени меѓу познатите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг