Рубрика: Фототехника
Клупска изложба на фотографии Елема 2023
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 18.04.2023 - 11:45

Минатата недела во просториите на галеријата Рудиќ, во населбата Јане Сандански (нов Аеродром), беше отворена клупската изложба на фотографии „ЕЛЕМА 2023“.

„ЕЛЕМА 2023“ е изложба која го означува креативниот и творечкиот континуитетот на ФК Елема. Како прва годишна клубска изложба таа ги најавува идните активности на Клубот, кои секако ќе бидат претставени во периодот кој следи, со јасен акцент на индивидуалноста на авторите, слободниот дух, секогаш со нов пристап и нови трендови кон создавањето на фотографијата за што „ЕЛЕМА“ секогаш имала капацитет.



 

На изложбата се изложени фотографии на реномираните македонски автори Дејан Гилевски, Кирил Штрков, Вацлав Лукиќ, Цветан Гавровски, Владимир Арсовски и Боро Рудиќ.

Сите љубители на фотографијата коишто сè уште не ја посетиле изложбата тоа ќе можат да го сторат до 20 април.

 

Клучни зборови: