Volkswagen веќе најави дека малите градски автомобили со стандардот Еуро 7 ќе поскапат за три до пет илјади евра

Сегментот на мали градски автомобили полека умира, па ако не сте припадник на високата класа, директор на компанија кој има право на службено возило, наскоро може да бидете запрепастени од ценовникот на нови автомобили бидејќи нема да најдете нешто под 20.000 евра. 

Ford веќе објави дека ја укинува Fiesta, Volkswagen исто размислува за Polo, а и другите исто така прават пресметки. Веќе многу е пишувано за стандардот за издувни гасови Еуро 7 и неговото влијание врз автомобилскиот пазар, а ова се првите конкретни мерки, или најави. Развојот и инсталирањето на технологии за мали градски автомобили бараат големи инвестиции и технологии кои на крајот ќе бидат финансиски ќе се пренесат на клиентите. 

Токму затоа доаѓа уште една таква најава. Британскиот Autocar објави дека Kia планира да го прекине Rio, нејзиниот популарен автомобил од Б-сегментот.

Магазинот известува дека јужнокорејскиот автомобил ќе излезе од европскиот и британскиот пазар подоцна оваа година, а тесно поврзаниот Kia Stonic ќе служи како негова замена во салоните.

Како потсетување, Volkswagen веќе најави дека малите градски автомобили со стандардот Еуро 7 ќе поскапат од три до пет илјади евра и затоа на производителите на автомобили им е полесно да ги симнат од производните ленти.