Омилениот рецепт за кајгана на кралицата Елизабета Втора: Тајната е во две необични состојки

Фото: Kvitochka / GoodFon

Австралиската професионална готвачка и нутриционистка Ли Холмс го споделила тајниот рецепт за омилената кајгана на покојната кралица Елизабета Втора. Таа рецептот го добила од блиска пријателка која готвела за кралицата во палатата Кенсингтон, а вака приготвената кајгана била омиленото јадење на кралицата.

Ли на својот блог напиша дека кралицата сакала да го започнува денот со појадок полн со протеини, а оваа кајгана е токму тоа. Тајната на оваа кајгана лежи во две необични состојки кои особено ги сакала кралицата Елизабета, а тоа се морското оревче и кората од лимон, поради кои кајганата има специфичен вкус.

Покрај тоа, кралицата Елизабета јадела кајгана приготвена исклучиво од кафеави органски јајца, а кајганата морале да ја приготвуваат на тивок оган за да стане што покремаста. Елизабета Втора обично ја јадела со шолја чај Ерл Греј со малку млеко.

Направете ги јајцата на овој начин и дознајте зошто кралицата Елизабета била одушевена од нив.

За две порции ќе ви бидат потребни следните состојки:

– 3 јајца (по можност органски)
– 1 лажица млеко
– 1 лажица путер или маслиново масло
– малку сол и бибер
– 1 лажичка рендана кора од лимон
– прстофат мелено морско оревче
– малку власец за сервирање

Подготовка:

Јајцата и млекото се матат во сад и се мешаат убаво да се соединат, се посолуваат по вкус. Загрејте путер или маслиново масло во тава на тивок оган. Додадете ги јајцата во тавата и намалете ја топлината, нежно движете ги околу тавата со шпатула за да не се залепат на дното.

Непосредно пред да почнат да се стврднуваат, додадете кора од лимон, морско оревче и уште малку сол по желба и измешајте.
Вака приготвените јајца префрлете ги во чинија и послужете веднаш, зачинете со бибер и сечкан власец по желба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот