ВИДЕО: Во Ниш откриена и отстранета неексплодирана авио-бомба

Во Ниш откриена и отстранета неексплодирана бомба од НАТО бомбардирањето/Фото: Скриншот/МУП

Неексплодирана бомба тешка еден тон, која останала од бомбардирањето на НАТО на Сојузна Република Југославија во 1999 година, вчера безбедно е преместена од градот Ниш во околината.

Авио-бомбата беше пронајдена на градилиштето на Научно-технолошкиот парк во Ниш за време на градежни работи. Мобилизирани се властите и утринава е евакуирано целото население околу паркот. Бомбата беше деактивирана од пиротехничари и транспортирана со камион надвор од градот.

Како што соопшти МВР на Србија, се работи за бомба од 1.000 килограми, со 430 килограми експлозивно полнење. Бомбата ќе биде уништена со подземна вештачки предизвикана експлозија, во контролирана област, се наведува во соопштението. Во исто време, сите жители на областа се поканети да се вратат во своите домови.

„Ова е една од најголемите бомби што сме ги деактивирале досега. Тоа е моќно смртоносно оружје“, изјави Лука Чаушиќ, помошник секретар за внатрешни работи и шеф на Одделот за управување со вонредни состојби.

Поради опасноста евакуирани се 1.300 луѓе, од кои 1.280 самостојно, додека 20 се сместени во простории кои ги обезбеди градот Ниш, а 17 побарале лекарска помош која им е овозможена, соопштија од српското МВР.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот