Српските пекари и мелничари се задоволни од поевтината струја

Фото Архива

Пекарите и мелничарите во Србија изјавуваат дека се задоволни од цената на струјата што им ја нуди Електропривреда Србија (ЕПС) од 1 мај годинава, односно на истекот на важечките договори, бидејќи е пониска за околу 25 отсто во однос на последниот од околу 120 евра за мегават (MВ).

За време на енергетската криза, поради војната во Украина, Владата на Србија ги држеше под контрола цените на струјата со цел да го намали влијанието на трошоците врз економијата поради „неконтролираната“ цена на струјата на берзата. Миленко Милутиновиќ, потпретседател на Сојузот на српските пекари, за Бета изјави дека неговата пекара „Сретен Гудуриќ“ во Ужице до крајот на април според актуелниот договор струјата ќе ја плаќа по 119,67 евра за мегават и дека ја избрал понудата на ЕПС, од 1 годинава да добива фиксна цена од 92 евра по MВ за следните 12 месеци.

Цената на струјата, велат стопанствениците, не е иста за сите, туку зависи од количината на потрошувачка, времето на потрошувачка и некои други фактори. Милутиновиќ рече дека новосклучениот договор за неговата пекара е „квалитетен“ бидејќи цената на струјата паднала за околу 23 отсто.

Тој наведе дека треба да се земе предвид дека струјата на берзата може во моментов да биде пониска, но ќе има периоди кога ќе биде повисока, бидејќи токму минатата недела таа се удвои за еден ден на берзата.

Тој рече дека поевтината струја значително ќе се одрази на деловните трошоци бидејќи пекарите трошат големо количество струја, па за неговата месечна сметка таа изнесувала околу 15.000 евра, без пресметан данок на додадена вредност, пишува Бета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот