ФОТО | Сите погледи вперени во нив! Салма Хајек и поќерката блеснаа во тесни фустани со светки

Салма Хајек и Матилда Пино / Matteo Chinellato/ipa-agency.net / Shutterstock Editorial / Profimedia

Салма Хајек секогаш привлекува внимание со своите модни комбинации, особено кога избира раскошни креации за црвениот тепих.

Актерката на црвениот тепиш беше во придружба на поќерката Матилда. Тие привлекоа внимание на гала вечерата на Фондацијата „Цини“, која се одржа во Венеција, во пресрет на отворањето на 60. Меѓународна уметничка изложба во овој италијански град.

Салма за оваа свечена пригода избра син фустан украсен со светки и реси. Фустанот беше со долг струк, без прерамки кој ја истакна нејзината фигура на песочен часовник.

Салма Хајек и Матилда Пино / Фото: Matteo Chinellato/ipa-agency.net / Shutterstock Editorial / Profimedia

На блескавата креација не ѝ беа потребни многу додатоци – само неколку пристојни парчиња накит и сандали со висока отворена платформа во црна боја, кои актерката сака да ги носи и во свечени пригоди.

Со оглед на тоа дека температурата во Венеција синоќа се спушти на околу 11 степени Целзиусови, Салма ги покри рамениците со кратка црна јакна откако им позираше на фотографите.

Салма Хајек, Франсоа Пино и Матилда Пино / Фото: Francesca Vieceli / INSTAR Images / Profimedia

Салма и Матилда беа дури и координирани во изборот на облеката, младата Французинка избра долг сребрен фустан кој исто така беше полн со светки.

На вечерата двете дами беа придружени од сопруг на актерката, Франсоа-Анри Пино, кој ја има 24-годишната Матилда од бракот со својата прва сопруга Доротеа Лепер. Салма и славниот Французин заедно ја добија ќерката Валентина во 2007 година.

ФОТО | Изгледа неверојатно на 57 години: Салма Хајек ја покажа прекрасната фигура на плажа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот