Од билтенот на МВР: Кражба во неготинско село...
05-01-2024 РЕГИОН

На 04.01.2024 во 16.40 часот во село Криволак, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Н.Н.(20) и Ф.М.(20), двајцата од истото село. Тие се сомничат дека извршиле кражба, при што од објект во селото одзеле повеќе предмети. Кај нив биле пронајдени одземените предметите, алатот со кој била извршена кражбата и  патничкото возило „југо“ со неготински регистарски ознаки, со кое ги пренесувале предметите. За настанот бил известен јавен обвинител, а лицата биле приведени во полициска станица. По документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 04.01.2024 во 13.20 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на автопатот Градско - Неготино, кај место викано „Црвени Брегови“, патничко моторно возило „рено меган“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.А.(37) од с.Миравци, гевгелиско, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино.

              

 

На 04.01.2024 во 01.30 часот во СВР Велес, Ј.Х.(40) од Крушево пријавил дека на улица „Белградска“ во Велес бил физички нападнат од Д.Л.(45) од Велес и Б.З.(36) од село Горно Оризари, велешко. По преземени мерки, Д.Л. И Б.З. биле пронајдени и против нив се поднесени соодветни поднесоци. 

 

На 04.01.2024 во 19.10 часот во Полициската станица Велес, И.А.(50) од село Бузалково, велешко, пријавил дека на улица „Борис Трајковски“ во Велес бил каснат од куче скитник.

 

 

 

СВР-Велес



Share

Додади коментар