РЕС снабдува со електрична енергија 190 компании од приватниот сектор носители на економскиот живот во државата
Објавено во: Економија 27 Ноември, 2022
Снабдувачот со електрична енергија РЕС (RenewebleEnergySupply), единствен на пазарот нуди фиксни цени на електричната енергија, како и најниски берзански цени за домашните и за странските фирми во земјата, соопшти компанијата.
РЕС во моментот снабдува околу 190 компании исклучиво од приватниот сектор, кои се меѓу главните носители на економскиот живот на државата.
Референтната листа на РЕС содржи компании од телекомуникациите, прехранбената индустија, метало-преработувачката индустрија, странските инвестиции во слободните економски зони, компании од услужната дејност, банкарскиот сектор итн.
„Клиенти на РЕС можат да посведочат дека компанијата за снабдување со електрична енергија RenewebleEnergySupply е етичка, доверлива, одговорна, проактивна и насочена кон заштита на интересите на потрошувачот во текот на целиот период на соработка, што е исклучително важно во услови на непредвидливи ценовни случувања во однос на електричната енергија кои можат значајно да влијаат врз стабилноста на фирмите“, велат од фирмата.