Каевски ги отфрла обвинувањата за финансирање на спортски клубови и федерации

Со реакција се јави поранешниот директор на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски кој ги отфрли обвинувањата на ОЈО како неосновани и тенденциозни.

„Очекувам и во исто време сум убеден дека во една јавна, транспарентна, фер постапка ќе се докаже вистината и целосна моја невиност. Ниту сум можел ниту сум влијаел, ниту сум поттикнувал било кој од централната комисија. Во делот на надзорот според тогашниот закон за спорт член 14е, извештајот се доставува до следната календарска година од добиените ваучери најдоцна до 15ти јуни или во конкретниот случај тоа е до 15.06.2021 година, период во кој што јас не сум директор на АМС“ , вели Каевски.