СДС нема донесено ниту една странска инвестиција, наместо да привлечат реномирани фирми, кумот на Ковачевски е во бизнис поход.

Единствен инвеститор во ТИРЗ за време на СДС можеби ќе биде само Пиксел груп основана од Ковачевски, опфатена во аферата Броило, која планира градба на фабрика во ТИРЗ Тетово заедно со бугарски партнер.

Нема инвестиции, нема нови работни места, само поволности за фирмите блиски до Ковачевски. Истата оваа Пиксел груп, основана од Ковачевски, а сега во сопствеништво на неговиот кум, а за фабриката во Тетово може да добие и државна помош од владата на Ковачевски.

Тоа ли се инвестициите кои ги најавуваше СДС?

Во време на ВМРО-ДПМНЕ е отпочната работата на ТИРЗ, и во време на ВМРО-ДПМНЕ се направени најдобрите услови за привлекување на странски инвестиции. Во време на ВМРО-ДПМНЕ во зоните и во државата дојдоа фирми како Џонсон Контролс, Џонсон Мети, Ван Хол, Кемет Електроникс, КСС, Антура, Кромберт и Шуберт, Дрекселмајер и голем број други реномирани светски компании. Овие фирми инвестираа и сега допринесуваат кон Македонската економија. А сега единствен инвеститор е кумот на Ковачевски.

СДС цел мандат нема донесено ниту една инвестиција, напротив и постоечките инвеститори ги заплашуваат и внесуваат непредвидливост, како кај тие во ТИРЗ, така и надвор од зоните, со постојаните политики за менување на даночната политика и регулатива.

СДС има тотален дебакл на поле на привлекување на странски инвестиции. Пред да зборуваат за некакви нови инвестици кои уште не сме ги видели, да кажат и до каде е фабриката на e.GO за електрични автомобили, каде се подредија цела Влада за сликање, а резултат нема?! До каде е инвестицијата на Jennmar од Питсбург во Жабени, заради која дел од зоната се пренамени во ТИРЗ, до каде е инвестицијата на Rechi&Sons во Струга?! Каде се инвестициите на турската Mepsan во Скопје 1 и Almak од Јужна Кореја во Скопје 2.

Владата на СДС нема политика за привлекување на странски инвестиции, се се сведува на дебакл. Затоа потребни се промени и нова влада на ВМРО- ДПМНЕ која ќе се грижи за економијата, развојот на државата и ќе работи за подобра иднина на граѓаните.


Администратор
15/01/2023 02:49