Издадени се предупредувања за поплави за реките во шест окрузи, додека половина од земјата е под метеоролошки предупредувања за невреме и врнежи од дожд.
На планините врнежите преминаа во лапавица и снег.
Утрово снежниот слој беше 52 сантиметри во туристичката област Балеа Лак, на над 2.000 метри во планините Фагарас, каде температурата е само два степени Целзиусови, изјави за Агерпрес од Сибиу метеорологот Нарциса Милијан од Службата за метеоролошки прогнози. .
„Можно е да продолжи да паѓа снег во Балеа Лак“, изјави метеорологот.
Засега Трансфагарасан е затворен за сообраќај на делницата помеѓу Бале Каскада и Бале Лак.
Најголеми проблеми на западот од земјава предизвика ветерот кој урна дрвја и билборди.
Вработени во Службата за вонредни состојби интервенирале во повеќе градови низ Романија.
Засега нема информации за жртви.
Има драстично опаѓање на температурите низ земјата, со вредности за 15-20 степени пониски во однос на претходниот период.