Регион

Хрватска: „Лидл“ ќе користи електричен камион за дистрибуција

15 мар 2024

„Лидл“ е првиот трговски синџир во Хрватска кој ќе користи електричен камион за дистрибуција на стоки во своите продавници.

Во соработка со компанијата „Џино д.о.о“, „Лидл“ – Хрватска пронајде инзворедно решение за својата логистика, се работи за електричниот камион Volvo FE Electric.

Електричниот камион ќе ја доставува робата од логистичко – дистрибутивниот центар во Загреб, што ќе претставува единствено решение за обезбедување на потребите на продавниците, без притоа а има негативно влијание врз околината.

 Со првиот електричен камион, „Лидл“ – Хрватска, продолжува силно да се ангажира во рамките на одржливиот развој. Горди сме на ова партнерство со кое воведуваме нови, модерни и еколошки прифатливи решенија во подрачјето на транспортот и логистиката. Со тоа, посветено го следиме начелото на нашата стратегија за одржливост „На патот кон утрешнината“ и придонесувама за чиста, зелена и одржлива иднина, изјави Марина Дијаковиќ, раководителка на Секторот за корпоративни комуникации на „Лидл“- Хрватска.

Извор/Фото: Instore.hr



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...