Вучевиќ рече дека тој и Ѓуриќ се чувствуваат одговорни за синоќешниот инцидент во Нови Сад кога студенти кои го блокираа Филозофскиот факултет соопштија дека биле нападнати при што неколкумина од нив се повредени.
- Синоќа околу три часот физички беа нападнати студенти во Нови Сад. Една девојка е сериозно повредена, моментално се наоѓа во Клиничкиот центар на Војводина, вилицата е изместена и има повреди по целото тело, има уште неколку ученици со полесни повреди, се вели во соопштението на студентите./МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата