„Македонија 2025" : Забрзан економски раст преку дигитализација, конкурентност, користење на п

 Забрзан економски раст преку дигитализација, конкурентност, користење на потенцијалот на дијаспората, ова беше кажано на денешната прес - конференција на организацијата ,,Македонија 2025".

Забрзан економски раст преку дигитализација, конкурентност, користење на потенцијалот на дијаспората, ова беше кажано на денешната прес - конференција на организацијата ,,Македонија 2025", на која беше презентирана платформата за постигнување забрзан економски раст, документ кој организацијата ќе им го претстави на релевантни чинители во општеството во пресрет на претстојните избори. Целта е просперитет и повисок животен стандард, што помалку луѓе да се иселуваат.

-Сакаме да се фокусираме на областите каде што можеме да помогнеме. Тоа е нашата визија, ние како организација сме спремни да ги вложиме сите капацитети. Човечки и финансиски ресурси, контакти, знаења и слично, за да направиме вистински напредок во овие области, рече извршната директорка на ,,Македонија 2025", Никица Мојсовска – Блажевски.

Ѓорѓе Војновиќ, член на Одборот на директори, говореше за основите на визијата за забрзан економски раст. Тој рече дека визијата за просперитет вклучува нулта толеранција кон корупција преку транспарентност и систем на вредности и лична одговорност, ефикасна јавна администрација, континуиран раст на БДП над пет отсто годишно, нови инвестиции во образованието што е многу битно, реформи за побрз раст на бизнисите, поддршка на извозот, сведување до минимум на сивата економија.

Тој нагласи дека ќе вложат максимум, за да бидеме како држава, посакувана бизнис дестинација.

Членови на Одборот, секој во својата област на специјализација, претставија конкретни мерки што се предлагаат.

Заменик претседателот на Одборот на директори на организацијата, Васко Кроневски го претстави делот на мерки поврзани со дигитализацијата. Тој рече дека меѓу другото, со дигитализацијата, се подобруваат демократските процеси, се прави поконкурентна економија.

- Предлагаме дека треба секоја година, најмалку десет услуги кон граѓаните, да бидат дигитализирани во сите области, појасни Кроневски, осврнувајќи се и на тоа дека е потребна поддршка за компаниите и ефикасен сервис за нив од страна на државата и подобрување на услугите на локално ниво.

Тој сподели дека анализите покажуваат оти само третина од македонските компании имаат дигитална спремност.

- Поразително е, ако ги издвоиме големите компании, средните и малите, кај малите компании, само една од четири, има ваков дигитален потенцијал. Останатите воопшто не се вклучени во сето ова и не се ни свесни за придобивките од дигитализацијата, нагласи Кроневски.

Тој проговори и за тоа дека сите мерки поврзани со дигитализацијата нема да можат да се случат ако немаме здрава домашна ИКТ индустрија, рече таа е на високо ниво, но за жал огромен процент од неа работи за други економии во светот. Затоа, подвлече дека треба на неа да се гледа како стратешки ресурс.

Кроневски рече дека дигитализацијата треба да биде координирана и во континуитет.

Околу мерките за зголемување на конкурентноста, говореше членот на Одборот, Живко Мукаетов.

Мукаетов истакна дека извозот е многу важен, за една земја со многу успешни приказни кои треба да се раскажат. Тој рече дека се потребни инвестиции во истражување, развој, нови технологии, еколошки стандарди, препознатливост, да се успее да се создаде додадена вредност. Мукаетов изрази спремност да ги пренесат ресурсите и позитивните искуства на ,,Алкалоид", на останати компании, за тие компании да остварат поголем извоз.

- Македонската економија веќе подолг период е во сенка, за жал, на политичките збиднувања. А за подобар стандард, посветла иднина, сите треба да пружиме стабилност, нагласи Мукаетов.

Тој порача да си го цениме тоа што го имаме тука, да се посвети повеќе внимание на домашното производство, на сопственото знаење и што е многу важно, да се верува во себе.

Виктор Мизо, исто така член на Одборот, се задржа на тоа како да се привлечат повеќе странски инвестиции, покрај развојот на домашните компании. Да има стратегија за македонските предности пред други земји, за инвестирање, навистина да биде воведен едношалтерскиот систем.

Боријан Борозанов, најновиот член на Одборот, ги претстави односите со дијаспората.

- Сите ќе се согласиме дека градење на релациите со нашите иселеници е државен интерес, нагласи тој, информирајќи дека се предлагаат мерки што треба да ги засилат тие релации.

Борозанов нагласи дека со олеснување на административни процедури треба да се овозможат инвестиции во државата од која се потекнува и развој на туризмот.

Преку видео обраќање, се обрати коосновачот на ,,Македонија 2025", Мајк Зафировски.

- Мора сите заеднички да работиме за иднината, порача тој, подвлекувајќи дека ќе се лобира за земјава.

Следуваат состаноци со политичките партии, академската заедница, бизнис асоцијациите, за да има сплотување, како што беше кажано на прес конференцијата, околу оваа визија.

Македонската платформа на Левица го штити македонскиот јазик

Денес е 5 мај - Ден на македонскиот јазик. На овој ден во 1945 година, Народната влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.

​Левица во својата Изборна програма се залага за ПОСЕБНА ЗАШТИТА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК преку:

• Посебен закон за задолжителна и проширена употреба на македонскиот јазик и негова институционална заштита преку зајакнати ингеренции на Инспекторатот за употреба на македонскиот јазик, на кодифицираниот литературен и стандарден македонски јазик, како и на неговите дијалекти;

- задолжително изучување на македонскиот јазик од страна на сите ученици од прво одделение;

- задолжително познавање на македонскиот јазик при стекнување државјанство;

- задолжителна примена при брендирањето и јавното рекламирање;

- задолжителна примена на сообраќајните знаци;

- задолжителна и единствена примена на таблите, печатите, штембилите и меморандумите на државните органи;

• Повторно отворање на повеќето лекторати по македонски јазик на странските универзитети ширум светот, како отворање на нови;

• Изработка на т.н. дигитален корпус на македонскиот јазик: соодветен дигитален речник, граматика, етимолошки речник, дијалектни речници и сл.;

• Владино спонзорирани онлајн - часови по македонски јазик за децата на нашите иселеници во странство;

• Задолжителен превод на македонски јазик на сета ТВ и радио програма која оди во етерот, а се емитува на друг јазик различен од македонскиот (од домашни или странски телевизии);

• Владин откуп и ставање на слободно користење на над 100 кирилични фонтови за компјутерско пишување исклучиво на македонска кирилица - која се разликува од бугарската, српската и руската кирилица;

• Задолжително и обврзно користење на кириличното писмо во сите натписи, имиња и логоа на државните органи, јавните институции, здруженијата и фирмите - со цел враќање на приматот на македонскиот јазик, како единствен службен јазик на целата територија на Републиката.

До верниците честитка по повод Велигден упатија градоначалникот на Пустец , МД „Илинден“ и МАЕИ

По повод Празникот над празниците, Христовото воскресение Велигден, честитка до верниците упатија градоначалникот на Пустец,  македонското  друштво „Илинден“-Тирана и партијата Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ.

- Од мое и од име на Советот и општинската администрација честитки до сите православни верници за најголемиот и најзначаен празник Христовото воскресение. Ви посакувам честит и благословен Велигден, мир, здравје, радост, благосостојба, хармонија, наведува во честитката градоначалникот на Пустец, Пали Колефски.

Честит и вековит Велигден на православните верниците во Република Албанија, во матичната земја Северна Македонија и во целиот свет им посака македонското друштво „Илинден“-Тирана.

-Како православни верници, Велигден нè потсетува на моќта на Христовото Воскресение, а во нас ја буди надежта која очајно ни е потребна во нашите животи, за нашите работни места, за нашите семејства, за нашата иднина. На Велигден, нашите мисли и срца се со луѓето на кои им е најпотребна помош, со оние кои се чувствуваат осамено, со оние кои ја изгубиле надежта и вербата за подобра иднина. Верата Христова нѐ учи да делиме и споделуваме. Затоа, на Велигден отворете ги домовите и срцата за вашите сакани, но и за оние кои имаат помалку од вас, стои во честитката потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

И единствената македонска партија во Албанија, МАЕИ упати честитки по повод Велигден.

-Чествувањето на Празникот над празниците, Христовото воскресение Велигден е дел од нашето духовно и национално богатство. Ви посакуваме достојно празнување на овој светол ден, кој е темел на нашата вера и не учи на заедништво, да си помагате еден со друг и да го почитувате семејството и блиските и да ја имате силата која ви ја дава верата. Христос Воскресна, навистина Воскресна! Нека е честит и за многу години, пишува во честитката МАЕИ.

Претседателот на Барселона по поразот од Жирона: „Вака не може...“

Топло ладно - така може да се окарактеризира сезоната на Барселона без трофеј. Поразот од Жирона не само што ја официјализираше 36-та титула на Реал Мадрид, туку и го означи падот на Каталонците на третото место.

Колку што навивачите беа задоволни од останувањето на Чави Ернандез на клупата и следната сезона, толку беа разочарани од играта против Жирона, која уште еднаш на теренот потврди дека игра подобро од градскиот ривал. И дека заслужено е повторно прва зад Реал.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, бесен по поразот, е снимен како им вели на колегите: „Вака не може...“.

А, не може од повеќе причини, бидејќи доколку Барселона не заврши како вицешампион, нема да игра во шпанскиот Суперкуп, а со тоа ќе загуби најмалку осум милиони евра што ги носи учеството во Саудиска Арабија и потенцијално до двојно повеќе со спонзорски и промо активности.

-Поразот од Џирона нема да ги промени плановите што ги имаме. Ќе останам тренер на Барселона и следната сезона, изјави тренерот Чави Ернандез по мечот со Жирона.

Ова не е доведено во прашање, велат шпанските медиуми, бидејќи Лапорта не би го погазил својот збор, но Барселона не личеше на тим кој може да се натпреварува на највисоко ниво и да освојува трофеи.

Во исто време, финансиската структура не е стабилна, Лапорта прави разни „гимнастики“ за да го испочитува финансискиот фер-плеј и да ја обезбеди лиценцата од Примера Ла Лига.

притисни ентер