Евролигата го суспендираше кошаркарот на Црвена звезда Милош Теодосиќ

фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Кошаркарот на Црвена звезда, Милош Теодосиќ е суспендиран на два натпревари од Евролигата.

Теодосиќ беше казнет за конфликтот што го имаше со судијата на мечот Ефес – Црвена звезда, кога беше исфрлен од мечот поради два неспортски прекршоци.

Покрај суспензијата од два меча, плејмејкерот на белградските „црвено-бели“ доби и парична казна од 15.000 евра.

Теодосиќ ги загуби нервите на мечот со Ефес, а како што најави, казната ќе ја плати сам.

Српскиот клуб го заврши регуларниот дел од сезоната во Евролигата на 16 место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот