Народниот правобранител не е задоволен од тоа како е третиран од пратениците!

Народниот правобранител искажува јавно незадоволство и е зачуден со каква леснотија парламентот на вчерашната седница со буквално неколку збора, стави точка за донесување на измените и дополнувањата на законот на народниот правобранител.

Во соопштението на народниот правобранител се вели: Години наназад државата преку надлежните институции имаше обврска да создаде народниот правобранител да може да биде национална институција за заштита на човековите слободи и права, а со недонесувањето на измените на законот, народниот правобранител остана единствена институција во регионот без стаус, со што пак директно и се наштетува на нејзиниот углед и можноста за поголем ангажман во сите меѓународни организации каде членува.