logo
logo
logo

Пакистанец ја убил својата ќерка тинејџерка поради видео на ТикТок

Vecer | 30.01.2025

Пакистанец ја убил својата ќерка тинејџерка поради видео на ТикТок

Ул-Хаг првично изјавил дека неговата ќерка била убиена од непознати напаѓачи, но подоцна и признал на полицијата дека тој е убиецот.

- Истрагата откри дека нејзиното семејство имало забелешки за нејзиното облекување, начин на живот и пријателите. Семејството неодамна се врати во конзервативната провинција Балучистан. Пред тоа, тие живееле во САД 25 години, изјави полицаецот Бабар Балоч.

Таткото и призна на полицијата дека не се согласувал со содржината на нејзините видеа на ТикТок, кои таа почнала да ги снима додека живееле во САД. Девојчето продолжило да снима содржини за ТикТок и по враќањето во Пакистан, кој има строги закони за социјалните мрежи.

Повеќе од 54 милиони луѓе користат ТикТок во Пакистан, нација со 241 милион луѓе.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk