Ако некој ваш колега ве нервира многу, преверете дали можеби е шпион на Центраната известувачка агенција (ЦИА)

ЦИА неодамна објавила таен документ под името „Едноставен водич за саботажа на терен: Стратешки служби“ во кои се даваат совети како да се унштат компании.

Интересно е тоа што техниките заа саботажа можат да се забележат во многу фирми во кои инаку нема шпиони.

Еве какви инструкции добивале шпионите саботери:

- Секогаш кога е можно, сите работи упатувајте ги на комисијата за „понатамошно проучување.

- Обидете се да направите што е можно поголеми комисии.

- Потегнувајте ирелевантни теми што почесто можете.Правете се дека погрешно сте ја разбрале работната задача. Поставувајте безброј прашања и вклучете се во долги преписки за таквите задачи. Жалете се за нив кога и да можете.

- Бидете „цепидлака“ при употребата на зборови во комуникацијаата и во извештаите.

- Бидете неразумни и барајте од вашите колеги да бидат „разумни“. Изебегнувајте расправии кои можат да ве вовлечат во неволји или да ве осрамотат пред сите.

- Не нарачувајте нови материјали за работа, се додека постојните залихи не ви се исцрпат.

- За да го намалите еланот за работа кај вработените, а со тоа и продуктивноста, бидете пријатни кон најмалку ефикасните работници и давајте им унапредување кое не го заслужуваат.

- Дискриминирајте ги ефикасните работници и жалете се за нивната работа.

- Пополнувајте ги формуларте нечитко, така што работата да мора повторно да се извршува.

- Правете грешки или прескокнувајте ги задолжителните полиња.

- Ширете вознемирувачки гласини така што да звучат како „инсајдерска“ дојава.


Администратор
28/04/2024 05:46