Остеопороза или „тивка болест“: Причини за појава, симптоми и совети за третирање

Редовното и правилно вежбање може да ги зајакне коските, а долгото седење и недостаток на физичка активност може да доведе до остеопороза - болест на коските.

osteoporoza-ili-tivka-bolest-prichini-za-pojava-simptomi-i-soveti-za-tretiranje-01.jpg

Остеопорозата е болест на коските која доведува до намалување на јачината на коските, при што може да се зголеми ризикот од фрактури (скршени коски).

Остеопорозата, на некој начин, е „тивка болест“, затоа што најчесто личноста нема симптоми, па може долго време да не знае дека ја има оваа болест.

Здравиот начин на живот е од големо значење за превенирање на остеопорозата, па затоа останете физички активни, алкохолот консумирајте го во умерени количини, откажете се од пушењето, јадете храна богата со калциум и витамин Д …

osteoporoza-ili-tivka-bolest-prichini-za-pojava-simptomi-i-soveti-za-tretiranje-02.jpg

Причини за појавa на остеопороза

Остеопорозата се јавува кога се губи премногу коскена маса и се случуваат промени во структурата на коскеното ткиво.

Одредени фактори на ризик може да доведат до развој на остеопороза или да ја зголемат веројатноста дека ќе ја развиете болеста.

Факторите кои може да го зголемат ризикот од појава на оваа болест се следниве:

  • Пол – жените имаат поголеми шанси за развој на остеопороза
  • Возраст – со текот на времето губењето на коскената маса се случува побрзо, коските може да ослабнат и ризикот од остеопороза се зголемува.
  • Семејна историја – ризикот од остеопороза се зголемува ако некој од родителите веќе имал остеопороза
  • Недостаток на полови хормони
  • Терапија – на пример, долготрајна употреба на кортикостероиди
  • Начин на живот и исхрана

osteoporoza-ili-tivka-bolest-prichini-za-pojava-simptomi-i-soveti-za-tretiranje-05.jpg

Начинот на живот и воспоставените (лоши) животни навики може да го зголемат ризикот од развој на остеопороза.

Некои од нив се:

  • Прекумерно седење – луѓето кои поминуваат многу време седејќи имаат поголем ризик од остеопороза од оние кои се физички поактивни.
  • Прекумерно внесување алкохол – зголеменото консумирање, повеќе од два алкохолни пијалаци дневно, го зголемува ризикот од појава на остеопороза.
  • Пушење – точната улога на пушењето кај остеопорозата не е јасна, но докажано е дека придонесува за побрзо губење на коскената маса.

Симптоми на остеопороза

Како што веќе беше споменато, остеопорозата се нарекува „тивка болест“ бидејќи најчесто нема никакви симптоми додека не се скрши коската.

Коските кои се погодени од остеопороза може да станат толку кревки, што фрактурите се појавуваат спонтано или како резултат на:

  • Мали падови, како што е пад од стоечка висина, што вообичаено не би предизвикало повреда на здрава коска
  • Нормални движења, како свиткување, кревање па дури и кашлање.

osteoporoza-ili-tivka-bolest-prichini-za-pojava-simptomi-i-soveti-za-tretiranje-03.jpg

Лекување на остеопороза

Со остеопорозата мора да научите да живеете. Она што може да го направите е да го забавите процесот на влошување на коскениот систем, преку зајакнување на постојното коскено ткиво.

Она на што треба посебно да внимавате се падовите или какви било физички трауми кои може да доведат до фрактури на коските.

Третманот на остеопорозата во голема мера се сведува на:

Вежбање. Редовното и правилно вежбање може да ги зајакне коските, односно мускулите, лигаментите и тетивите кои се наоѓаат на нив.

Се препорачува пешачење, јога, пилатес и други активности кои може да ги зајакнат мускулите без прекумерен стрес.

Суплементи. Составен дел од терапијата може да бидат и суплементите, витамини и минерали. Пред сè, ова се однесува на калциум и витамин Д, а лекарот ќе ви одреди колку често и во која количина би требало да ги земате суплементите.

Лекови. За типот на лекови одлучува лекарот, па немојт на своја рака да земате терапија.

Секако, секогаш треба да се консултирате со вашиот лекар кој најдобро знае да ја процени вашата состојба и да го предложи вашето лекување. Никогаш не преземајте ги работите само во свои раце.

osteoporoza-ili-tivka-bolest-prichini-za-pojava-simptomi-i-soveti-za-tretiranje-04.jpg

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Синдром на нервозни црева: Зошто се јавува и можат ли да се контролираат непријатните симптоми? Подуеноста, дијарејата и констипацијата се најчестите симптоми на таканаречениот...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg