Регион

Хрватска: „Лидл“ започна соработка со Сојузот за училишен спорт

14 мар 2024

Трговскиот синџир „Лидл“ – Хрватска започна соработка со хрватскиот Сојуз за училишен спорт (СУС), кој долг период работи на поттикнување и промоција на училишниот спорт.

Соработката беше претставена во спортската сала на училиштето „Владимир Прелог“ во Загреб, со присуство на учениците и хрватските ракометни репрезентативци, Карпа Сиротиќ и Давор Чавар. Пред присутните свое обраќање имаат претставниците на „Лидл“, СУС, директорот на училиштето Златко Стиќ, и нутриционистот Ненад Братковиќ.

Сојузот за училишен спорт е препознатлив по организација на училишни првенства во различни спортови.

 Сојузот го избравме за партнер, затоа што со години работи на промовирање на училишниот спорт меѓу нашите најмлади и највредни. Не е тајна дека денеска децата се помалку време поминуваат на игралиштата и во салите, а за жал времето го поминуваат на мобилните телефони и екраните.Покрај промените на начинот на живот, исто така и прехраната стана нездрава и брза, а сите знаеме дека прехраната е клучна во раниот период, посебно за децата кои се занимаваат со спорт. Со заеднички сили ќе дадеме се од себе да ја подигнеме свеста за важноста за здравиот начин на живот за децата и за нивните родители, изјави Марина Дијаковиќ, директорка на секторот за корпоративни комуникации во „Лидл“ – Хрватска.

 

Извор/Фото: Instore.hr



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...