Општо

Разрешени полициски началници и командири во Штип и во Кочани

Автор: Bloomberg Adria

18 март 2025, 14:26

Одлуката следува по катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Досега за вкупно 16 лица е определен краткотраен притвор од 48 часа

Разрешени полициски началници и командири во Штип и во Кочани

МИА

Bloomberg Adria

Поради трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, министерот за внатрешни работи одлучи да бидат разрешени началници, помошници и командири во Штип и во Кочани, потврдија за МИА од МВР.

Разрешени се :

- началник на Секторот за внатрешни работи (СВР) во Штип

- помошник-началник на СВР-Штип

- началник на Одделението за полиција во Штип

- началник на Одделението за криминалистичка полиција во Штип

- началник на Одделението за внатрешни работи во Кочани

- командир на Полициската станица од општа надлежност во Кочани

- началник на Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Кочани

„До овој момент Основното јавно обвинителство Кочани предложи определување мерка краткотраен притвор за 16 лица. Предлозите се прифатени и мерката е определена за сите 16“, велат од Државното Јавно Обвинителство, а пренесе МИА.

 

Меѓу приведените се и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски. 

Мерката краткотраен притвор се предлага во особено сложени предмети, кога е потребно да се обезбеди поголем обем на докази за проверка на сите околности и евентуално формално поведување истрага.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.

Повеќе од 22 лица досега имаат статус на осомничен за пожарот што изби во дискотеката. Тие се сомничат за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“, за кое е предвидена казна затвор од најмалку три години без горна граница на казнување, односно до 20 години, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на 17 март.

Сите новости од рубриката Политика

Политика

Седум полициски службеници и еден раководител осомничени за трагедијата во Кочани
Општо

Седум полициски службеници и еден раководител осомничени за трагедијата во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес на прес конференција соопшти дека седум полициски службеници, меѓу кои и началници, како и еден актуелен раководител во Министерството за економија се осомничени дека имаат одговорност за трагедијата во Кочани.

19.03.2025

Автор: Владимир Николоски

сите новости од рубриката Политика

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите