Во објава на својот Фејсбук профил, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев вели „сакам да ја известам целокупната македонска јавност дека правиме се што е во наша надлежност, знаење и капацитет во врска со случајот со трагично настраданите во пожарот во Кочани“.
„Темелно, одговорно, доследно и со врвен интегритет пристапуваме кон секоја една причина која ја предизвика оваа катарза.
Во најтешките моменти, во кој сите сме во неизмерна тага, во краткиот период којшто го имавме согласно со законот, целокупниот тим на полициски службеници, некомпромисно работеа.
Секој еден, без исклучок на која страна или боја припаѓа, мора и ќе се соочи со правдата.
Тимот на полициските службеници продолжуваат да работат, нема да запреме додека сите недоследности на секој еден поединец до крај не ги утврдиме.
Кога болката и тишината е силна, одговорноста сите нѐ обврзува на тоа“, вели Јанев во својата објава.