Јокиќ главен фаворит, познато кога НБА ќе го објави добитникот на МВП признанието

Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

НБА лигата изминатата ноќ објави дека наградата за МВП на сезоната ќе биде доделена во четврток од 01:30 часот по средноевропско време.

Никола Јокиќ е главен конкурент за добивање наградата, а покрај него во конкуренција се Лука Дончиќ и Шеј Гилџес Александер од Оклахома.

Бројките јасно говорат дека Јокиќ е убедливо првиот фаворит да стигне до ова признание по третпат и американските медиуми пренесуваат дека би било изненадување ако српскиот кошаркар не ја добие наградата.

Јокиќ најдобар во НБА беше во 2021 и 2022 година додека наградата минатата година заврши во рацете на Камерунецот, Џоел Ембид. Српскиот кошаркар сезонава во лигашкиот дел има просек од 26.4 поени, 12.4 скока и девет асистенции по натпревар.

Доколку се остварат најавите и Јокиќ ја добие наградата тој би ги стигнал Мозес Мелоун, Лери Бирд и Меџик Џонсон кои имаат по три, Бил Расел и Мајкл Џордан имаат по пет, додека Карим Абдул Џабар не прикосновен на врвот со седум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот