logo
logo
logo

Бебе од речиси една година плива и нурка како професионален ватерполист (видео)

Vecer | 19.04.2024

Бебе од речиси една година плива и нурка како професионален ватерполист (видео)

„Таа веќе излегува од вода со сиот сјај на познатите спортисти“!

Во првите месеци од животот, бебињата инстинктивно рефлексно ја затвораат устата и го задржуваат здивот кога ќе се најдат под вода. Овој рефлекс се нарекува „рефлекс на пливање“ и им помага да преживеат во вода. Сепак, бебињата не нуркаат свесно како возрасните. Ако бебето случајно заврши под вода, неговиот природен рефлекс ќе го заштити од голтање вода.

Според експертите, бебињата би можеле да почнат да тренираат пливање некаде помеѓу четвртиот и шестиот месец, но тоа може да варира во зависност од индивидуалниот развој на детето и препораките на педијатарот. Важно е родителите да се консултираат со педијатар за да се уверат дека нивното дете е подготвено за оваа активност. Часовите по пливање за бебиња можат да бидат корисни за развивање на моторичките вештини, самодовербата кога се во водата и за јакнеење на врската помеѓу родителот и детето, бидејќи неретко еден од родителите е во вода со бебето.

Едно видео на кое едногодишно девојче плива, нурка, и стои на рацете од својот татко додека позира стана многу популарно. Но, начинот на кој тоа го прави е идентичен со оној на возрасните пливачи кои професионално се занимаваат со пливање.

Бебето без капа и очила за пливање стои на рацете од својот татко и скока главечки во базенот. Таткото кој е тренер, ни за момент не ѝ ги пушта нозете. Малото девојче се нурнува и потоа излегува плескајќи со рачињата. Потоа, грациозно застанува на рацете од својот татко, одржувајќи совршена рамнотежа и позира, па продолжува одново.

Снимката освоила 1.148.000 „лајкови“ на Инстаграм и мноштво коментари.

- Ми се допаѓа како си аплаудира секој пат кога ќе излезе од вода.

- Ова бебе страшно ме инспирира! Малите деца се толку слободни и амбициозни што би требало да учиме од нив како да ја прифатиме таа бестрашност и да се соочиме со препреките во зрелоста.

- Таа веќе излегува од водата со сиот сјај што го имаат познатите спортисти!

- Има целосна доверба во својот татко!

- Најубавото видео за пливање што сум го видел – коментираат корисниците на Инстаграм.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk