Во Колумбија протести против реформските планови на претседателот Петро

22.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Колумбија протести против реформските планови на претседателот Петро

Демонстрации се одржаа во неколку градови, вклучително и во главниот град Богота, каде се одржаа протести на главниот плоштад Боливар пред претседателската палата.

Петро ги објави плановите за промена на Уставот за да ги поттикне социјалните реформи кои не можеше да ги унапреди соочен со противењето на Конгресот и конзервативните бизнис групи.

Колумбискиот конгрес неодамна одби да усвои закон за зајакнување на државната контрола врз здравствениот систем со цел да се подобри ефикасноста и да се намалат трошоците за лекување. Како одговор на тоа одбивање, Петро со декрет нареди преземање на двете најголеми компании за здравствено осигурување во земјата, од кои зависат милиони Колумбијци. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата