27 Април, 2024
0.0342

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Објавено во: Мои пари 28 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Општина Центар уште еднаш покажа дека е лидер во промени, лидер во храбри и позитивни одлуки и решенија во полза на граѓаните. Иницијативата за регулирање, конфискација и пренамена на бесправно изградени објекти која градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски пред една година ја достави до ЗЕЛС, се преточи во законско решение. Собранието го донесе Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист, одземени предмети во кривична и прекршочна постапка кој во Членот 66 ја пресликува Иницијативата со која се дава можност Агенцијата за конфискуван имот врз основа на одлука на Владата дивоградбата да ја предаде на општината. Ова е голема победа на Општина Центар и на сите локални самоуправи во државата.

„Општина Центар успеа. Иницијативата која ја доставив пред една година се преточи во законско решение со кое на сите локални самоуправи во државата им се дава можност за конфискација на бесправно изградените објекти на нивна територија и нивна пренамена во функција на општината“ рече Герасимовски на денешната Прес Конференција.

Герасимовски појасни дека станува збор за Иницијатива, а сега и законско решение со кое општините имаат две можности или да го легализираат објектот или доколку има услови истиот да го урнат во рок од 6 месеци од прием.

„Доколку одлучиме да го легализираме, ќе можеме да го дадеме на социјално ранливи категории на граѓаните или на користење за разни културни, пензионерски, младински домови, а пак парите наменети за уривање да ги пренамениме во други позитивни проекти за граѓаните“, изјави денеска Герасимовски пред медиумите.

Новиот Закон за управување со конфискуван имот, имотна корист, одземени предмети во кривична и прекршочна постапка не се однесува за дивоградбите кои се на приватно земјиште, за кои веќе се води инспекциска постапка за рушење или се води постапка за легализација. По донесувањето на законот општината треба да подготви Регистар на дивоградби на државно градежно земјиште кој ќе биде достапен на ВЕБ страната на општината, да евидентира кривични и прекршочни судски постапки што се водат за конфискација на дивоградбите и одржува работни состаноци со Агенцијата за управување со одземен имот и претставници од судската власт, како и други државни органи со цел поквалитетна имплементација на оваа одредба на законот.

Исклучително важно како што истакна Герасимовски е што новото Законско решение налага локалните самоуправи да не можат да го ОТУЃАТ објектот на градежни фирми или други субјекти кои работат со недвижности, што всушност значи дека се иззема било каква можност за профит на сметка на нелегално изградените објекти.

„Донесувањето на ова ново законско решение ќе го превенира урбанистичкиот хаос, а градежниците ќе треба да се запрашаат дали ќе градат без одобрение за градба“, рече Герасимовски.

Пред да се преточи во законско решение Иницијативата ги помина филтрите во Министерството за транспорт и врски и Министерството за правда.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком