Приватните специјализанти добиваат поддршка од свои колеги

Приватните специјализанти не се откажуваат од своите барања. Првиот прием на идниот министер за здравство да биде и решение за нивната ситуација. Тие се' уште се без здравствено осигурување, а здравствените власти се' уште не понудиле конкретни мерки и планови за подобрување на состојбата и за решавање на покачувањето на платите и трајните вработувања. 

„Ние со цел да овозможиме функционирање на клиниките, ќе продолжиме да доаѓаме на нашите работни места, излегувајќи во пресрет на пациентите.Сѐ до формирање на новата влада и новиот кабинет. Алармираме кон новиот министер, кој се надевам го прати овој процес и оваа горлива битка на младите лекари да можат да останат во својата земја, дека првиот прием што треба да сочинува приватен специјализант и нивно решавање на сите барања“, рече Александра Георгиева, претседателка на Здружението на лекари специјализанти.

Дел од фелата ги поддржија специјализантите, нагласувајќи дека настанатиот проблем мора под итно да се реши и да се создаде соодветна кадровска политика, национална програма за здравство што ќе го почитува квалитетот.

„За квалитетни доктори, запишани без врски и протекции, студирале без врски и протекции, кои се одличен квалитет. За нив сум дојдена овде. Тие не смеат да бидат обезкуражани дека никој не стои зад нив. Има начи, дијагнозата ја знам, патокезата ја знам на оваа патолошка состојба, терапијата ја знам ми треба само соговорник кој и да биде на власт, медицината е универзална професија, што треба сите да ни служи на чест“, изјави проф. д-р Маргарета Балабанова Стефанова.

За престојните празници, специјализантите ќе дежураат, бидејќи на една клиника половина од дежурниот тим е сочинета од приватни специјализанти. Специјализантите велат дека за празниците, добиваат одредено покачување, но не и празнична дневница во смисла на вработен лекар. Над 400 приватни специјализанти работат за потпросечна плата, без здравствено и пензиско осигурување.