Мециновиќ: Македонија ќе биде слободна и ќе изградиме нов свет – братски!

  • Фејсбук статус на Амар Мециновиќ од Левица, носител на ИЕ 2

Огромно БЛАГОДАРАМ до сите другарки и другари низ цела Македонија за нивната неуморност во оваа исцрпна кампања, како и наклон до земја за решителноста во борбата против системските партии кои ги имаат сите финансиски и системски адути на своја страна, но ги немаат нашата љубов за слобода, порив за борба и возвишена цел да ја вратиме државата во рацете на обичните луѓе.

Повторно низ цела Македонија се вееше знамето на АСНОМ, повторно се пеат победнички партизански песни – работничката класа и авангардата се будни, веќе ништо нема да биде исто. Во Собранието ќе се бориме неуморно, а ќе црвенее секој сокак, преполн со вас, луѓе на чии плеќи притиска тежината на историската задача. Еднаш победивме, ќе победиме пак.

Левицата е тука, идејата е пред портите на нивните велелепни вили – Македонија ќе биде слободна и ќе изградиме нов свет – братски!