Лаутаро Мартинез и следната сезона ќе игра за Интер

Лаутаро Мартинез/фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Потпретседателот на италијанскиот фудбалски клуб Интер, Хавиер Занети е категоричен дека напаѓачот Лаутаро Мартинез ќе игра за тимот и следната сезона.

Клубот нема намера да се раздели со 26-годишниот Аргентинец и дури има намера да му понуди нов договор со плата од девет милиони евра годишно.

– Лаутаро ќе остане во клубот и ќе продолжи да биде наш капитен“, изјави Занети, цитиран од „ДАЗН“.

Мартинез игра за Интер од 2018 година. Во оваа сезона, напаѓачот одигра 42 натпревари, на кои постигна 26 гола и запиша шест асистенции.

Аргентинскиот фудбалер со миланските „нераѕури“ сезонава ја освои втората титула во Серија А.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот