ВИДЕО: Дончиќ асистира без гледање, а „Кралот“ моќно заби!

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс славеа на теренот на Мемфис Гризлис (127-134) во НБА лигата. Еден од најубавите потези на натпреварот беше во режија на првите две ѕвезди Лука Дончиќ и Леброн Џејмс.

Словенечкиот плејмејкер повлече контра напад, а ветеранот добро го следеше. Дончиќ тргна да положува, но потоа без гледање само му ја одложи топката на „Кралот“ кој трчаше зад него. Џејмс ја прими и моќно заби со една рака. 

Лејкерси се во добра позиција на табелата да се пласираат директно во плеј-офот, прескокнувајќи го доигрувањето.