Адеми: Европскиот фронт има 30.000 гласови повеќе од албанската опозиција

Арбер Адеми/ Фото: Слободен печат/ Зоран Димовски

Демократската унија за интеграција во Изборниот штаб во Мала Речица излезе со првични резултати од денешното гласање според кои Европскиот фронт пред албанската опозиција со 30.000 гласови.

Шефот на изборниот штаб на ДУИ, односно Европскиот фронт, Арбер Адеми, првичните партиски податоци покажуваат дека на преброени над 50 отсто од гласовите тие имаат 30 илјади гласови повеќе од опозициската коалиција Вреди.

– Во Струга Дебар, Врапчиште, Куманово и Липково Европскиот фронт води пред албанската опозиција два спрема еден, во Кичево 5 спрема 1, а водиме и во тетово и во некои други општини, изјави Адеми на прес-конференција.

Тој додаде дека статистички гледано, според овие резултати Европскиот фронт ќе има над 20 пратеници во новиот парламент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот